За нас

Приказната на „Варадинов„ започнува во 30-тите години на минатиот век со Варадинов Иван познат и почитуван столар од Буњаковец кој долги години со неколку работилници ги опслужувал со квалитетен мебел своите сограѓани и соседи па и пошироко.
Неговата приказна после многу години ја продолжува неговиот внук Варадинов Игор, кој уште од дете го има засакано занаетот кој му се влеал низ крвта и душата и станал составен дел од неговото битисување.
Од времето на зурлите и тапаните, ановите и бакалниците, до времето на техното и глобалната телекомуникациска технологија, духот, ентузијазмот и страста кон естетиката и убавото останало непроменливо и безвременско во семејството Варадинови.
Кон почетокот на новиот милениум, Варадионов Игор понесен од љубовта кон столарството, како дипломиран инжинер, започнува професионално да се занимава со изработка на мебел. Воден од огромниот ентузијазам и желба да се продолжи и негува традицијата на неговото семејството, во 2001 година отвора сопствен производствен погон односно своја мала сопствената работилница „Варадинов„ со површина од околу 150 м2 која се наоѓа во населба Визбегово во Скопје.
Со несмален ентузијазам, посветеност и професионалност, давајќи му сопствен белег, душа и топлина на секое изработено парче мебел, „Варадинов„ реализира сé повеќе и сé поголеми проекти со кои што го трасира патот кон успехот.
„Варадинов„ постојано ги следи светските трендови и специфичните и различните барања на клиентите и се обидува да креира и изработи современи ентериерни решенија по највисоки стандарди за целиот дом, од кујни до детски соби, спални, претсобја, состави за дневни соби и работни простории во разновидни бои, материјали и дезени изработени од оплеменета иверка, медијапан, фурниран медиапан, масивно дрво во различни комбинации вклучувајќи стакло, метал, алуминиум и др.„Варадинов„ врши проектирање, изработка, достава и монтажа на мебел.
„Варадинов„ произведува современ мебел со безвременска естетика. Мебел кој е синергија на традицијата и ултра-модерниот дизајн. Секој замислува и создава свој сопствен универзум, простор составен од материјали, облици, чувства и бои каде сака да се чувствува пријатно. Домот станува слика на уникатниот животен стил на луѓето кои престојуваат во него.
„Варадинов„ денес е мала, модерна, стратешки определена компанија која успешно отскокнува над своите конкуренти и цврсто и сигурно сé повеќе се етаблира на македонскиот пазар.
Пред 10 тина години „Варадинов„ ja отвори својата канцеларија која претставува и еден вид изложбен салон „Коцка„. Nа околу 30 м2 во центарот на Скопје со адреса Дебарца 35 каде секоја заинтересирана странка лесно може да не посети и да поразговара со стручно лице како своите замисли и идеи е најдобро да се реализираат.Нашите вработени ќе ви покажат урнеци на материјали, бои и видови на изработка а воедно и ќе ви помогнат / сугерираат како е најдобро да го реализирате и остварите замисленото парче мебел.